Двајца скопјани, во одделни случаи, нападнати на паркинг простор во скопски трговски центри.
– На 30.11.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, С.Ј.(42) од с.Ново Село, скопско, пријави дека на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице, информираа од полицијата.
– На 30.11.2025 во 16:10 часот во СВР Скопје, А.М.(21) од с.Бунарџик, скопско, пријави дека околу 15:00 часот на паркинг простор во трговски центар на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи, соопштија од МВР.