МВР го уапси лицето што синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром

News

Оттаму велат дека за него е поднесена прекршочна пријава за управување возило со недозволена брзина, возење под дејство на алкохол и напуштање на местото
Дваесет и двегодишниот М.А.А од Турција со привремен престој во Скопје е лицето кое синоќа во скопската Општина Аеродром, во близина на кулите „Џеваир“, удри во контејнери и возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Македонија
МВР го уапси лицето што синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром
360степени | 9 ноември, 2025 19:30

Оттаму велат дека за него е поднесена прекршочна пријава за управување возило со недозволена брзина, возење под дејство на алкохол и напуштање на местото
Дваесет и двегодишниот М.А.А од Турција со привремен престој во Скопје е лицето кое синоќа во скопската Општина Аеродром, во близина на кулите „Џеваир“, удри во контејнери и возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Фото: МВР
Оттаму велат дека откако тој со своето возило марка „бе-ем-ве“ удрил во контејнерите и возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски таблички го напуштил местото на настанот, но набрзо потоа бил фатен од страна на полициски службеници.

„Против него е поднесена прекршочна пријава по член 33 ( недозволена брзина), член 215 (напуштање на местото на настанот) и член 228 (возење под дејство на алкохол – 0,97 промили) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тој е изнесен пред судија за прекршоци“,
велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *