Излезете денес и утре на сонце во природа, од понеделник пак дождови
Искористете го викендов за прошетка во парк или на планина, затоа што стабилното, суво и сончево време ќе го има уште викендов.
Од понеделник попладне па во текот на целата следна недела ќе биде врнежливо. Во некои региони на Македонија дождовите ќе бидат обилни. Ќе има и силни ветришта.
Дневните температурите викендов ќе се движат до 15-тиот степен, а на југот од државата и до 20.
И во Скопје и околината викендов времето ќе биде пријатно