EСМ купувала струја во текот на вчерашниот ден

news
Advertisement

Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија, информира Владата базирајќи се на податоци од диспечерскоот извештај на ЕСМ. Вообичаените соопштенија деновиве беа дека ЕСМ произвела струја доволно за домаќинствата и малите потрошувачи, што овојпат не е наведено во соопштението.

Advertisement

Во соопштението се навудува дека АД ЕСМ на во текот на вчерашниот ден произведе 10.092 MWh електрична енергија.

„Во Термоелектраните произведени се 7.692 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.400 MWh. Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија“, се вели во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.