ЖЕНА ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ЗАПАЛИЛА ОТПАД – ИЗГОРЕЛЕ ЛОЗЈА, ОВОШКИ И ПОМОШЕН ОБЈЕКТ!
Полицијата во Свети Николе поднесе кривична пријава против 40-годишната Н.Т. од градот, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Според истрагата, на 23 септември 2025 година, во дворното место од нејзината куќа, пријавената запалила отпад. Огнот брзо се проширил на соседната парцела, предизвикувајќи голем пожар.
Во несреќата биле целосно уништени лозови насади, дел од помошен објект, како и овошни дрвја со род. Материјалната штета е значителна, а огнот бил изгаснат со интервенција на пожарникарите.
Против Н.Т. ќе се води постапка за утврдување на одговорност за предизвиканата штета и опасноста што ја предизвикала со палењето.