Advertisement
Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград
Advertisement
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово наводно отишол на прегледи во Ургентниот центар во Белград.
Најдобриот тенисер во светот тајно бил донесен во болница каде му бил извршен преглед на главата, пренесува Informer.
Се наведува дека Новак бил расположен, дека се фотографирал со вработените, но и се пожалил на главоболка.
<
Да потсетиме, по мечот со Корентано Муте во Рим, Ѓоковиќ беше удрен со шише по главата.
<
По поразот од Алехандро Табил во следниот меч, Новак се врати во Белград, а следен турнир кој го очекува е Ролан Гарос кој е закажан за 26 мај.
Advertisement