„Oгнената група“ на средба со Ахмети во Мала Речица, Беџети останува против Владата

news
Advertisement

Припадниците на таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити денеска беа на средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица.

Advertisement

Беџети, кој преку фејсбук објави дека Ахмети му е пријател, по средбата кусо изјави дека остануваат на ставот за промена во извршната власт.

-Денес не сме тука за договор, ние сме тука за проблемите на огранокот што реално секој огранок, па и огранокот на Сарај ги има, има свои незадоволства, свои достигнувања – вели Беџети.

Пратеникот од неговиот огранок во Сарај Арбен Зибери, пак, изјавил дека средбата поминала во позитивна атмосфера.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.