Бог не води таму каде што душата најмногу се отвора: Репортажа на Татјана Томовска за Светото патување во древниот Египет кај Офи

Бог не води таму каде што душата најмногу се отвора: Репортажа на Татјана Томовска за Светото патување во древниот Египет кај Офи

news

Бог не води таму каде што душата најмногу се отвора: Репортажа на Татјана Томовска за Светото патување во древниот Египет кај Офи

Велат дека некои патувања ги правиме со нозете, а некои – со душата. Патувањето на Татјана Томовска во Египет е токму такво: свето, длабоко, нежно и незаборавно. Не е само туристичка авантура низ древни камења и историја – туку духовна средба со времето, со себе, и со една посебна личност која и го отвори ова магично поглавје: нејзината пријателка Офи. Ова патување за неа е благослов, подарок, животна лекција. Патувањето низ пирамидите, храмовите, црквите и улиците на Каиро – рака под рака со една душа што светли –и го разбуди чувството на длабока благодарност. Во тие моменти, не гледала само со очи – туку чувствувавла со срцето.

„Оваа сторија е мој скромен обид да ја задржам магијата на тие денови, да ја споделам светлината што ја почувствував таму – и да ѝ оддадам чест на онаа која ни беше водич, домаќин, и духовна искра – Офелија Гаџевска Садек, вели Томовска на почетокот од нашиот разговор и додава дека реагирала спротивно од флоскулата  “железото се кове дури е жешко”.

-Ете, ми требаше малку време да стивне вулканот од неискажаните импресии и впечатоци, што се разбуди при седумдневниот престој во Каиро, Египет. Инаку, ова Свето патување за мене како што го нареков е дотолку посебно, затоа што беше изненадување подготвено од близок член од моето семејство и мојата  уникатна пријателка Офи – Офелија Гаџевска Садек. Имено, Офи со сета своја енергија и жар,  мене и на мојата кума Жанета, која ми се приклучи на патувањето, ни ја укажа честа да бидеме гостинки во нејзиниот дом и на нејзиното прекрасно семејство. Отсекогаш посакував да одам на Пирамидите, но искрено не знаев кои ќе бидат првите од трите можни – Пирамидите во Гиза, Босанските во Високо или на Р’тањ во Сокобања. Но, ете БОГ сакал како што е редот – во Египет од каде се почнало!Пред да започнам со сторијата да кажам, со Офи ме врзува едно искрено и неоптоварено пријателство уште од детските денови, потоа нашите мајки заедно работеа, а нашите живеалишта беа во физичка близина. Нашата дружба ја красеа многу заеднички патувања низ земјата и Европа, поминати преку пеењето во женскиот хор кај Запро Запров и фолкрорната пејачка група „ Сирма“ – открива Томовска, која Офи ја опишува како една ретка душа која не се доловува со зборови.

 Фото: Сирма Холтен Холандија, јули 1985

– Нејзиниот визионерски дух не познава граници. Таа ве воздига, ве учи, ве води, ве спојува и остава восхитен. Всушност, Офи отсекогаш беше една љубопитна, умна и дружељубива девојка, неколку години помала од мене, која низ годините се претвори во прекрасна и успешна жена на приватен и професионален план, како посветена сопруга на египетскиот пилот Капетан Џон Садек, како мајка – лавица на двете добро воспитани ќерки Емили и Грејс. Нејзините квалитети и сестрани знаења го надминуваат просекот, и нејзината кариера ја пратат повеќе професии, како поранешна стјуардеса на Палер, како предавач на Светска историја на еден од колеџите во Каиро, како лајф коуч тренер на студенти, како наш активен новинар – дописник за македонските медиуми, нека ме исправи ако грешам, а најмногу од се како туристички водич која со пиетет говори за Древниот Египет. Нејзината моќна меморија и сестрани знаења во повеќе сфери на животот, ве држи постојано фокусирани да го запомните она што го говори.  Затоа, јас неретко ја нарекувам наш емисар во Египет и модерна Клеопатра, која на најсуптилен начин ги поврзува компаративните предности на двете земји – Египет и Македонија – вели Тања.

Клучен момент со кој се возобновило нивното пријателство  на  обострано задоволство, е учеството на нашата ракометна репрезентација за време на пандемијата 2021 во Каиро, каде започнала љубовта кон овој спорт. Оттогаш, до денес таа и Офелија и нејзиното семејство како и египетска пријателка Сахар, станалеверни фанови на нашата ракометна репрезентација. Таа неретко може да се види како страствен навивач на нашите трибини, како и на првенствата на ракомет – европски или светски , заедно со пријателите кои ги стекна. 

По овој нужен вовед во Сторијата за Древен Египет, Татјана се навраќа на сето она што го виделе .Текстот ви го пренесуваме интегрално, за да се долови секој миг од ова свето патешествие.

Под водство на нашата домаќинка Офи , уште пред да слетаме во Каиро ни беше направена Агендата на патеката на движење за посета на клучните места. Од Скопје тргнавме на 03.09.2025 на аеродромот во Солун, од каде летавме за Атина – Каиро. Нашето Патешествие хронолошки отприлика изгедаше вака:

Посета на Пирамидите во Гиза и Најголемиот Музеј на светот ГЕМ (2024) кој официјално ќе се отвори на 1 Ноември годинава

-На 04.09.2025 в зори, на огромниот аеродром не пречека шоферот Ашраф и безбедно не однесе во станот за гости, во една преубаво уредена населба. Малку отспавме и веќе во 11 часот, бевме в кола со традиционалниот појадок – сендвичитеза да не губиме време

Како што ни беше речено, навистина не држеа цел ден сити. Беа направени од нивно специјално лепче како палачинка, исполнето со зеленчук, намаз од црвен грав, леќа и зачини. Јадевме и слушавме што ни покажува Офи попатно, додека возевме кон Пирамидите. Од далечина веќе се наѕираа Пирамидите, иако многумина мислат дека се некаде далеку во пустината. Возбудата беше голема, затоа што првпат се соочив со толку големо и грандиозно здание, за кое дотогаш само читав и гледав фотографии. Откога обезбедивме карти за влез во просторот околу Пирамидите и Свингите (новина од поново време поради контрола и заштита на посетителите од неприлики), карти за автобусот Хоп он-Хоп оф и Новиот ГЕМ Музеј со артефакти од Древниот Египет, тргнавме прво кон Пирамидите Гиза, Кеопс и Кефрен, најмалата.

Не заплиска топло ветре со пријатна влажност, која во комбинација со чудесната енергија што зрачеше од Пирамидите, не правеше прозрачни на фотографиите. Лицата ни беа опсипани во благотворна бела светлина која ја чувствуваме на телата.

По направена фотосесија од страна на локалните аниматори, следеше качување на камилите и фоткање со нив. Беше малку страшно качувањето и спуштањето од неа, бидејќи е прилично високо суштество. Но, куртуливме.

Следуваше чинот да се допрат Пирамидите и да се влезе во една од нив  – кој нема клаустрофобија.

-Околу нас лебдеше чудесна енергија – Фонтаната на животот за која дотогаш само читав, а сега ја доживував во себе. Бевме пресреќни, што се гледаше од нашите озарени лица и досетките на локалците со цел да заработат некое евро или долар. Инаку, запомнете – бакшишот е обавезен каде и да ви дадат услуга! 

Сеуште понесени од емоциите, автобусот сопре крај една од  свингите и се сликавме оддалеку. Брзавме оти допрва следеше  посета на Најголемиот Музеј на светот – ГЕМ .

Најголемиот Музеј на светот ГЕМ , имаше софт отворање во Март 2024 Набргу бевме таму. Огромно здание, нарачано од египетското министерство за култура кое се протега на 90.000 м2 и во него се сместени над 100.000 артефакти од древниот Египет. Меѓу нив се и антиквитетите од гробницата на кралот Тутанкамон, коишто за првпат беа тука изложени во целост по 1992. Фасцинантна е и 3.200 години старата скулптура на Рамзес Втори.

По оваа првична тура, полни со импресии и со по некое уникатно парче купено во продавницата во музејот, нашата домаќинка  Офи не однесе на вечера во еден кинески ресторан. Видно вознесени, со голем апетит уживавме во богатата трпеза, а потоа не оставија дома со план за утрешниот ден.

Текстот продолжува на следната страна…
nextpage

Посета на Новата неименувана Метропола и Најголемата Црква на Блискиот Исток „Рождество Христово“, отворена  од Претседателот на државата Сиси

-Вториот ден продолживме со откривањето на нови содржини, овојпат  придружени и од сопругот на Офи, капетан пилот Џон Садек, кој лично не понесе да ни ја прикажат новата метропола што се гради покрај Каиро, на огромна територија. Пред нас се нижеа комлекси на целокупната администрација, сите Министерства, спортски центри, амбасади, луксузни живеалишта за нив како и надземната траса за брзиот воз. Ретко кој турист ова го знае, а уште помалку го видел. Ете баш ние ја имавме таа привилегија, да го го видиме најјубавото.

Најмаркантното нешто во овој ден беше посетата на Најголемата Црква на Блискиот Исток „Рождество Христово“ , финансирана и отворена од Претседателот на државата Сисиво чест на најголемата Христијанска заедница на Коптите во овој регион.

Зданието по својата надворешност, а уште повеќе со внатрешноста на храмот ви го одзема здивот од импозантноста на фреските, олтарот и сиот свет амбиент внатре. Храмот собира околу 8000 верници на Литургија. Секако, дека ова беше ретка можност да се помолиме во еден ваков храм и да заминеме понатаму, по Агендата на нашата ѕвезда водилка, Офелија.

По оваа кружна рута со домаќините, следеше шопинг тура отворениот мол „Аир Мол“, кој беше во близина на нашиот стан. Домаќините ги оставивме да се одморат до вечерните саати, а ние ги прочешлавме сите дуќани во молот. Падна и закуска во МК Доналдс и релакс кафенце во паркот со езерца и фонтани. 

Овој ден беше убава можност да си купиме подароци за блиските и себе, иако за утредента беше најавена посета на Пазарот Кан Ел Калнли. Она што можевме да забележиме е дека, насекаде имаше скенери како мерки на претпазливост за безбедноста на сите, затоа што имаат прилично туристи и огромен број на жители.  Имено, само во Каиро брои 28 милиони жители, а Египет близу 100 милиони. Нешто непоимливо за нашите стандарди.

Вечерта ја завршивме во компаундот, тоест во домот на домаќините каде ги поделивме скромните подароци за нив, понесени од Скопје. Тука, ја запознавме и втората ќерка на Офи и Џон, Грејс која токму е таква како и името што го носи – Милост. Во следните часови уживавме во капење на базенот, а потоа во богатата трпеза со нови египетски  јадења, што домаќините ги имаа поставено за да ги вкусиме чаролиите на Египет. Секако, дека после оваа закуска шоферот не однесе „дома“ да одмориме за следниот ден. 

Посета на „ Висечка Црква на Дева Марија“. Третиот ден за мене беше најсветиот и го обележа насловот на оваа сторија – „Светото патување во древниот Египет“, а има и зошто!

-Пристигнавме во стариот дел на Каиро. Патот не водеше кон првите дуќани од пазарот и тука веќе купивме уникатни нешта. Целта на Офи беше да ја посетиме што поскоро, најстарата Коптска црква на светот, „Висечката Црква на Дева Марија“ изградена на темелите од Римски затвор, тоест Вавилонските тврдини по што го добила и името висечка. Кревањето на тлото од 6 метри не ја уништило за разлика од другите објекти на ридот. Таа е една од најстарите коптски цркви, во која има сочувани мошти на над 100 светители.

Црквата е градена некаде околу третиот век  после Христа и неколку пати била обновувана. Фасцинантно е тоа што во криптите под  неа во времето на Иродот како бебе го криеле Исус, за да не биде погубен од римјаните. Самата помисла дека тука, под ова место (од 21 едно вкупно) поминало Светото семејство, се додека не го изнеле Исус на три месечна возраст од Египет, ВИ ЈА ЕЖИ КОЖАТА. Кога ќе влезете во црквата која зрачи со тивка светост, на еден од ѕидовите стои напис од Библијата кој вели:

„Го повикав мојот Син, да го напушти Египет !“

Тоа Господ го повикал Исус, својот Син, за да биде спасен од римските војници. Воедно во храмот посветен на Дева Марија, постои нејзина икона која ја викаат Мона Лиза, оти гледа на сите страни и се претпочита дека е првата икона на Мајка Богородица, воопшто. Во црквата покрај иконите и моштите на многу Светии, има дванаесет мермерни столба што асоцираат на 12те Апостоли, од коишто едниот е од црн мермер и го прикажува Јуда. 

Мирот и спокојот владеат во овој простор, а верниците тивко поминуваат со раката преку приложените ковчежиња за да примат благослов и исцеление. Во еден дел во врамена кутија се чуваат делови од Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Едноставно целиот амбиент има волшебна енергиј , која ве обзема како магија. Токму и затоа ова мое патување го нареков СВЕТО ПАТУВАЊЕ ВО ЕГИПЕТ!

И секако после сето ова не сте исти во душата. Нештата што ги купивме од црквата како темјан, свето масло, бројаници и други ситници, со голема љубов ги понесовме со себе како најдраги подароци за најмилите. Оттука, заминавме да го видиме Музејот со најстарите пронајдени мумии на светот. Молкум минувавме  низ просториите каде хронолошки беа изложени сите мумии на древните династии на египетските фараони, стари над 3000 години пред Христа. Она што го понесов со себе од контактот со овие древни души беше неспоредлив со ништо пред тоа. Мојот впечаток беше, дека така мали и ситни телца (не оти се суви) тие не се од овоземно потекло, туку се народ од некоја друга развиена цивилизација!. 

Текстот продолжува на следната страна…
nextpage

По посетата на овие две светилишта, со задржана воздишка од виденото, продолживме на најпознатиот пазар Кан Ел Калили каде Офи ни ги откри дуќаните со посакуваните нешта и сувенири. Уживавме во пазарењето и ценкањето и ми се чини дека на Офи, ова и е беше најнапорниот дел во турата. Таа мораше да седи и чека додека биравме што поскоро да  купиме, од квалитетните марами со египетски мотиви, декорираните чаши, влечки и ташни од кожа на камила, уникатни теписи од кожа на крави

Овде изгубивме најмногу време, но и уживавме во еснафот на дуќанџиите кои не почестуваа со напитоци од кафе, сокови и чај како муштерии. Толку беа љубезни што сета купена роба ни ја носеа  до возилото. И, за денот да биде заокружен, а бевме веќе гладни и уморни, Офи не одведе во еден традиционален ресторан да земеме од јадењето кошари, кое ги полни стомаците на 9 милиони египјани за ручек и вечера. За кратко бевме дома, исполнети од пазаровката и зачудени како ќе се пренесеме до Скопје! 

Недела – четвртиот ден, беше за одмор. Веќе знаевме каде е Молот, па самите си го организиравме денот со докупување на подароци и уживање во паркот на вода. И се ќе беше добро, да не го утневме патот до дома па едно трипати кружевме додека не стасавме папсани и во смеа колку сме смотани – пред нос ни била зградата, ама тоа е тоа ха, ха, ха.

Ајн Сокна, петтиот и шестиот ден не чекаше ново изненадување – патување на Црвено море во нивната вила во монденското место, плажата во Ајн Сокна- Врели очи, во превод.

-Попатно Офи ни раскажуваше дека во близина е Суецкиот Канал каде минуваат огромни бродови со контејнери. За два часа стасавме во еден голем комплекс со луксузно уредени вили со тревници, зеленило и каскадно поставени базени, што се протегаа до плажата на Црвеното море.

По којзнае кој пат бевме во пријатен шок. Тивкото заливче со заградени приватни плажи и поставени сламени чадори, лежалки и столчиња не чекаа да уживаме. Неуморната Офи, со нетрпение чекаше да влеземе во сината во вода на Црвеното море. Климата беше волшебна – ни претопло ниту влажно. Постојано пиркаше морско ветре кое не милуваше не само по телото, туку и во душата. Рајска убавина!

Вечерата кај Сахар и мангото

-И така во ова монденско место поминавме два чудесни дена и утредента, 6-от ден во  Египет тргнавме кон Каиро. Како шлаг на тортата беше вечерата кај блиската пријателка на Офи, Сахар чиј сопруг е исто така пилот. Таа е чест гостин во Македонија и ужива во македонската храна, природата и секој момент поминат во неа. Сахар специјално за нас дојде од Александрија, за да ни угоди со типични египетски јадења во нејзината прекрасна куќа. На трпезата имаше јагнешки џигер, лозови сарми со тартур прилог, специјално зготвен ориз, посебно супата од блитва со пилешки бујон молохеа, печен гулаб, слатко – кисела салата, како и десертот со кој завршивме крај базенот. Секако, побаравме дозвола сето тоа да го овековечиме. 

Средбата со неа  со неа беше повеќе од срдечна, а флуидот како 100 години да се знаеме. Имаше таква убава енергија меѓу нас, што времето брзо ни мина. Како изненадување со себе понесовме по некое парче манго, од плантажите на Сахар наследени од татко и. И запомнете: „ Во Египет нема гладен човек, затоа што е благослов да нахраниш некого!“ – ни рече Сахар на заминување.

Времето течеше мораше да заминеме за да се спакуваме, оти ноќта летавме за Скопје. Со голема благодарност се разделивме од неа, а и од мојата Офе до некоја наредна средба во Скопје. Бескрајно исполнети, среќни и восхитени го чекавме летот, секоја на својата дестинација кон Скопје.

Велат дека: „ Се што е убаво брзо поминува, но ете моите мисли ги сјатив со мрежите невидливи во оваа сторија, за да го задржат споменот. Зборовите се премалку за да го опишат  гостопримство, емпатија  и посветеноста со која не пречекаа и испратија нашите домаќини Офи и Џон .

За крај ќе речам едно големо  БЛАГОДАРАМ  Офелија Гаџевска- Садек , среќна сум што те имам.  Ни беше привилегија да бидеме ваши гости !

Во мене остнаа Клучните впечатоци :

Восхитувачка чистота секаде и прекрасно уредени зелени површини со автохони растенија, како оази со благопријатна клима!

Неверојатно многу се гради просторот!

Одлични мерки на безбедност и заштита на туристите и населението!

Љубезност, гостопримливост и милост !

Се вози многу брзо, во повеќе скоро невидливи ленти и изгледа малку небезбедно. Овде возилата имаат предност и многу ретко видовме велосипеди. Воедно и пешачките премини се реткост,  тоа се лежечките полицајци

Соња Алексоска Неделковска