Во експлозија што се случи завчера на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија. Според информациите од српските медиуми, тој загинал додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација.
