Advertisement
Advertisement
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски извести дека излегол да направи увид во градежните активности на спортскиот комплекс „Пољана“ во Хром.
„Она што до вчера беше само потреба и желба, сега станува реалност. Тука никнува ново фудбалско игралиште со вештачка трева, две кошаркарски игралишта, нова фитнес зона и ново детско игралиште“, истакна Стојкоски во својата фејсбук објава.
Advertisement