Advertisement
Advertisement
Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот.
Advertisement