Advertisement
Advertisement
Пожар избувна во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош откога вдишиле од чадот.
Според информациите од МВР, пожарот избил синоќа, а противпожарната бригада добила пријава дека огнот се раширил од магацин на неутврдена површина на улицата Прохор Пчински во Скопје.
Advertisement