Advertisement
Advertisement
Ампутацијата на двете нозе, извршена пред неполни две години, не беше пречка за 38-годишниот Златко Ѓоргиев од Виница, да постигне несекојдневен подвиг и личен успех на неодамнешната маратонска трка во Базел, Швајцарија. Со помош на двете протези, што му ги заменуваат стапалата и натколениците, за 50 минути и 40 секунди ги помина петте километри и стигна до целната линија на трката.
Advertisement