Влада: Нема да има реконструкција туку само смена на министри

Влада: Нема да има реконструкција туку само смена на министри

Life
Advertisement

Advertisement

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на Арбен Таравари дека АА излегува од Владата.

Алијанса за Албанците во Владата има две министерски места – за здравство кое го предводи Таравари и вицепремиерско и министерско место за добро владеење на кое сега е Арбен Фетаи. Во Парламентот, партијата има шестмина пратеници.

Advertisement