Advertisement
Полицијата ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска изби голем пожар и има многу жртви. Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, а во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.
Advertisement
Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. „Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.
Advertisement