Advertisement
Advertisement
Доцна синоќа, избувна пожар во објект во близина на ресторанот „Калај“ во скопската населба Лисиче.
Пожарот, за неколку часа бил ставен под контрола, но бил од сериозни размери.
На местото на настанот имало полициски екипи и екипи на Противпожарната бригада.
Нема информации за повредени лица, а во текот на денот се очекуваат детални информации од МВР.
Advertisement