Голманот на Холандија видно потресен упати тешки зборови кон македонските навивачи: Апсолутно лудо – ова нема никаква врска со ракомет!

Голманот на Холандија видно потресен упати тешки зборови кон македонските навивачи: Апсолутно лудо – ова нема никаква врска со ракомет!

Life
Advertisement

Advertisement

Ракометната репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на СП 2025 откако вечерва по голема борба загубивме од Холандија со резултат 32-37. Во моментите кога покажавме карактер и дадовме се за да се вратиме, данските судии со бројни исклучувања и пенали за противниците се погрижија Холандија во мирен финиш да го приведе мечот до крај. По мечот голманот на Холандија Матијас Рекс видно потресен се жалеше дека го полевале со вода навивачите на Македонија. „Почнаа да маваат кон нас, леташе сешто. Никогаш не сум доживеал вакво нешто. Очигледно, така тоа изгледа на Балканот. Во еден момент, кога сакав да ја фрлам топката, голот го наполнија со вода. Апсолутно лудо! Ова нема никаква врска со ракомет. Ама, некогаш работите се и такви“, изјави Рекс.

Advertisement