„Голф“ управуван од малолетник излета од пат во струшко, повредени тој и сопатникот

„Голф“ управуван од малолетник излета од пат во струшко, повредени тој и сопатникот

Life
Advertisement

Advertisement

Ноќеска во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Advertisement