Advertisement
Advertisement
Општина Центар информира дека денеска во основното училиште „11 Октомври” се реализираше голема акција за чистење и уредување на училишниот двор, во која учествуваа ученици, наставници, родители, како и градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцираше дека оваа активност е дел од кампањата „Центар не чека, Центар чисти”, чија цел е подигнување на свеста за важноста на чистата животна средина.
Advertisement