Advertisement
Advertisement
Од вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.
Advertisement