Денеска се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Денеска се празнува Светиот апостол Симон Зилот

Life
Advertisement

Advertisement

Еден од дванаесетте (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа.

Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие.

Advertisement