Advertisement
Advertisement
Благообразниот Јосиф, богат човек, член на еврејскиот Синедрион и потаен следбеник Христов (Матеј 27, 57; Јован 19, 38). Го симна Христовото тело од крстот и заедно со Никодим го положи во својата гробница.
За ова беше окован од Евреите и фрлен во затвор. Но, таму му се јави воскреснатиот Господ и го увери во Своето воскресение. Потоа Евреите го пуштија од затворот и го протераа од татковината.
Advertisement