Advertisement
Advertisement
Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор. Истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, по барање на обвинителството за замена на притворот. Меѓу нив се и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето.
Advertisement