Advertisement
Advertisement
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (40) од Кавадарци, удрило во пешакот И.М. (56) од Скопје. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител.“, информираат од полицијата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Advertisement