Advertisement
Advertisement
Завршена е првата фаза на градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уреди и исчисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, се делува со цел долгорочно унапредување, заштита и зачувување на животната средина.
Advertisement