Advertisement
Advertisement
Македонското еколошко друштво успеа да лоцира уште еден балкански рис. Станува збор за млада женка која е крстена Зора, а тешка е 15,5 килограми.
Ова е 15-тиот балкански рис на кој досега МЕД му има поставено околувратник, преку кој се собираат драгоцени информации кои помагаат околу закрепнувањето на овој наш најдраг подвид.
Advertisement