Advertisement
Advertisement
Управата за извршување санкции информира дека денеска била реализирана организирана посета на театар за осудените лица во Казнено-поправната установа Затвор Струмица.
КПУ Затвор Струмица во соработка со НУЦК „Антон Панов“ Струмица организираше културна посета на театар за група на осудени лица. Настанот се реализираше во рамки на програмата за ресоцијализација и рехабилитација преку култура и уметност.
Advertisement