Advertisement
Advertisement
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го примил предлогот на Владата за негово разрешување и ќе се произнесе писмено во законски предвидениот рок. Како што соопштуваат од ЈОРМ, денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлог за негово разрешување поднесен од страна на Владата. Согласно законските рокови, Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена.
Advertisement