Advertisement
Advertisement
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека истрагата за трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 62 лица, ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16 или 17 јуни. Коцевски вели дека на овој сложен и тежок случај деноноќно работат 13 јавни обвинители и очекува дека со ваквиот интензитет на преземање дејствија, истрагата да биде завршена навремено.
Advertisement