Кривична за 22-годишен велешанец, со бензин испрскал „ауди“ и го запалил

Кривична за 22-годишен велешанец, со бензин испрскал „ауди“ и го запалил

Life
Advertisement

Advertisement

Полицијата во Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.Д. од Велес поради палење на автомобил.

„Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка“, информираат од СВР Велес.

Advertisement