Advertisement
Advertisement
Женскиот македонски тим 3х3 натпреварите од групата ги почна со победа од 14:11 против Литванија. Со стрплива игра и дисциплина пред се македонските девојки стигнаа до предност од 4-5 поени и до важна победа. До крајот на вечерашната програма Македонија ќе игра против Германија, која во првото коло ја совлада Словенија. Дуелот треба да почне по полноќ.
Advertisement