Advertisement
Advertisement
Денес и во недела на стадионот на АРМ ќе се одржи меѓународна изложба на кучиња „Оctober Dog Show“ во организација на Кинолошкиот сојуз на Македонија и кинолошките клубови Поларис и Лотус Ројал.
Кучињата ќе бидат оценувани од судии од Северна Македонија, Србија, Перу, Литванија и Словачка. Најдобрите ќе добијат сертификат за државен шампион CAC и интернационален сертификат за првак во убавина CACIB.
Advertisement