Advertisement
Advertisement
Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот Ораница е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето долж течението на реката, но и на флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
Advertisement