Во пожар во Кочани загина музичарот Филип Стевановски од Куманово, член на бендот „ДНК“.
Со емотивни зборови на својот Фејсбук профил се прости од него сопругата Ирена.
Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас.
Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото!
Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено.
Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани.
Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој.
Летај, свири и дојди ни понегогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!
Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез студии, а бил вработен како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михаилов“ – Штип.
Стевановски основното образование го завршил во Куманово. Своето образование го продолжил во „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, а подоцна ги завршил студиите во Америка.
Дипломирал на два факултета, вокално-инструментална, класична музика и џез.