Зорица Блажева, позната како Зои Блаж, повторно успеа да привлече внимание со својата промена. Од долгата коса со која публиката беше навикната да ја гледа, таа премина на пократка и многу посвежа фризура – стил кој совршено ѝ го истакнува лицето и ги нагласува нејзините карактеристични сини очи.
Новата фризура ѝ дава модерен и урбан изглед, со елегантни бранови кои внесуваат нежност и женственост, но во исто време и доза на самоувереност. Зои самиот изглед го заокружи со дискретна, но нагласена шминка – совршен баланс меѓу романтика и моќ.
Со прашањето „Како ви се допаѓа новата Зои?“ таа ги предизвика своите следбеници да дадат свој суд, а првичните реакции се мошне позитивни – многумина сметаат дека пократката коса ѝ дава свежина и уште поголем шарм.
Зои Блаж покажа дека промени во изгледот не треба да нè плашат – напротив, тие можат да донесат нова енергија и да ја откријат најубавата верзија од нас.
РЖМ/ИС – Фото – Инстаграм принтскрин