Advertisement
Advertisement
Шест месеци по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, правната разврска добива нови димензии со обвинение и против реалниот сопственик на објектот, но граѓанскиот притисок за целосна одговорност не запира. Неформалното движење „Кој е следен?“, кое настана по несреќата, најави нов мирен собир во Скопје во вторник, 16 септември, точно на шестмесечнината од денот кога во пожар згаснаа 62 животи.
Advertisement