Advertisement
Advertisement
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието.
Станува збор за официјален документ со кој основните училишта од Карпош, „Димо Хаџи Димов“ и „Петар Поп Арсов“, создадоа правна рамка за соработка со основното училиште „Драго Миловиќ“ од Тиват.
Advertisement