Advertisement
Advertisement
Поради наноси од снег, од 07:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Кратово – Пробиштип, соопшти АМСМ. Сообраќајот кон Пониква се одвива непречено по една коловозна лента.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Advertisement