Денес во Мадрид, Шпанија нашата земја на 22-то издание на Детска евровизија ќе се претстави до песната „Маратон“ која ќе ја исполнат Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола.
Македонската делегација во Мадрид, пристигна пред неколку дена, а Ана и Алексеј беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис, додека автори на „Маратон“ се добро познатото дуо кое се покажа како одлично во правење безвременски хитови Лазар и Магдалена Цветковски.
Им посакуваме успех на нашите претставници, а пред стартот на 22-тото издание на Детска Евровизија ве потсетуваме на песната со која во далечната 2007 не претставуваа Росица Кулакова и Димитар Стојменовски и нивната „Динг динг донг“.
Песната, беше апсолутен хит помеѓу најмладите…
Пред скоро 20 години, тие го освоија 5-то место.
Оваа песна или песничка, како сакате кажете, со заразен ритам во тоа време се пееше насекаде, а како изгледаа тие на големата сцена погледнете во продолжение: