Позната возраста на двете лица кои заедно со 14 годишно дете се пронајдени мртви кај Неготино

Позната возраста на двете лица кои заедно со 14 годишно дете се пронајдени мртви кај Неготино

Life
Advertisement

Advertisement

Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови, потврдија од Јавното обвинителство. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле“, велат од обвинителството. Покрај 14-годишниот малолетник, останатите две лица, според СВР Велес, се на возраст од 71 година од Битола, односно 66 години од Ресен.

Advertisement