„Потврда на цврстото партнерство помеѓу двете земји“: Муцунски и Рубио на средба денеска во Вашингтон

„Потврда на цврстото партнерство помеѓу двете земји“: Муцунски и Рубио на средба денеска во Вашингтон

Life
Advertisement

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во 09:30 часот по локално време ќе оствари средба со американскиот државен секретар Марко Рубио во Стејт департментот, потврди премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање.

Advertisement

Муцунски се наоѓа во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер, учествува на одбележувањето на 30-годишнината од Дејтонскиот мировен договор во Дејтон, Охајо.

Advertisement