Од МВР потврдуваат дека возило излетало од патот и паднало во реката Вардар, во правец кон селото Рашче. Во моментов специјалната единица „Тигри“ се на терен и го извлекуваат возилото од реката. „На 02.01.2025 година во 16:00 часот во СПБ Скопје било пријавено дека патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар“, соопштија од Министерството за внатрешни работи. „Веднаш на местото на настанот се испратени полициски службеници и Итна помош, а од страна на екипа на САЕ Тигри се преземени мерки за извлекување на возилото. На местото на настанот е и јавен обвинител“, додаваат оттаму. Инаку, како што пбјавуваат албанските медиуми во Македонија, жртви на несреќата е семејство од село Герчец и Сарај со презиме Арслани, каде во автомобилот имало 5 лица, меѓу кои и 5-годишно дете кое пред автомобилот да падне во реката Вардар, излерало од автомобилот и е префрлено во болница. Полицијата, Тигрите и пожарникарите трагаат без престан, се очекува да се пронајдат останатите лица.

ПОТВРДА ОД МВР: Автомобил излета во Вардар, Тигрите се на терен и без престан бараат преживеани
Advertisement
Advertisement
Advertisement