Advertisement
Advertisement
Од денес па до 5 јуни во организација на ЈУ Детски културен центар – Карпош ќе се одржи второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади, на сцената во киното Фросина при МКЦ во Скопје.
Настанот, кој е поддржан од Град Скопје, ќе претстави живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот.
Advertisement