Advertisement
Advertisement
Екипи на Зимската служба на Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“- Скопје во текот на изминатата ноќ почнаа со активностите за чистење снег и фрлање на сол на сите булевари и критични точки во градот. За таа цел како што известуваат од претпријатието фрлени се 45 тони индустриска сол на сите критични црни точки и на поголемите булевари и улици во градот со седум специјални возила на Град Скопје.
Advertisement