По поплавите постои опасност од ОВАА БАКТЕРИЈА  која може да биде смртоносна!

По поплавите постои опасност од ОВАА БАКТЕРИЈА која може да биде смртоносна!

news
Advertisement

Advertisement

Чешките власти ги предупредија граѓаните во поплавените подрачја да внимаваат на појава на заразни болести. Како што соопшти Министерството за здравство на Чешка, постои закана од опасна болест, објави порталот „globe24.cz“. Во областите погодени од поплави, постои ризик од ширење на лептоспироза, која потенцијално може да доведе до откажување на црниот дроб и бубрезите и да биде фатална. Лептоспирозата е бактериска болест предизвикана од лептоспира. Лептоспирите можат да навлезат во човечкото тело преку гребаници, со вдишување или голтање контаминирани аеросоли или вода. Ретко, инфекцијата се јавува преку каснување од животни“, се наведува во соопштението. Годишно во просек се евидентираат по неколку десетици случаи, годинава до крајот на август имало 15, покажуваат податоците на чешкиот државен институт за здравје. Размножувањето на бактериите наречени лептоспири, кои се шират преку урината на заразените животни, може да се очекува особено откако ќе се повлече водата.

Advertisement