Превентивни активности на СВР Скопје за поголема безбедност во сообраќајот

news
Advertisement

Денес (13.01.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот. Притоа, во рамки на кампањите „Вози безбедно во зимски услови-да носиме задолжително зимска опрема“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш!“, во непосредна комуникација со граѓаните, пред сè со возачите, укажуваа на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови, почнувајќи од задолжителното носење и користење на зимска опрема за возилата, прилагодување согласно отежнатите услови на патиштата, како и некористење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило.

Advertisement

Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *