Приведен Турчин во Скопје за физички напад на својата сопруга

Приведен Турчин во Скопје за физички напад на својата сопруга

Life
Advertisement

Advertisement

Вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.М. (37) од Република Турција, кој имал привремен престој во Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициските службеници постапиле по пријава дека претходниот ден околу 23:00 часот во семејниот дом, осомничениот физички ја нападнал својата 31-годишна сопруга.

Advertisement