„Прстенот го имам – сега ми треба твоето „ДА““: Пожарникар ја запроси девојката – стјуардеса во авион – „Сигурен бев дека ќе се согласи“

„Прстенот го имам – сега ми треба твоето „ДА““: Пожарникар ја запроси девојката – стјуардеса во авион – „Сигурен бев дека ќе се согласи“

news
Advertisement

„Прстенот го имам – сега ми треба твоето „ДА““: Пожарникар ја запроси девојката – стјуардеса во авион - „Сигурен бев дека ќе се согласи“

Advertisement

Хрватски пожарникар ја запроси неговата девојка во авион, додека таа била на нејзината работна задача, како стјуардеса.

Пожарникарот Роко Бркљачиќ од Хрватска ѝ предложи брак на стјуардесата на „Кроација ерлајнс“, Лорена Чешковиќ – и таа рече ДА!, соопштија од аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб.

Убавиот и уникатен момент се случил вчера утрината, веднаш по слетувањето на летот на „Кроација ерлајнс“ од Сплит, на кој патниците биле сведоци на посебно и неочекувано запросување во авионот.

Во пожарникарско одело, со заштитен шлем на главата, Роко клекнал пред стјуардесата Лорена и ја прашал дали сака да се омажи за него.

– Бев сигурен дека ќе каже да. Само се плашев дека сè нема да оди според планот. Многу ја сакам и ми е мило што ја воодушевив. Колегите беа понервозни од мене. Тие останаа од ноќната смена за да го видат нашето запросување. Дефинитивно не очекуваше ништо, ништо не ѝ беше јасно. Кога таа се согласи, целиот стрес исчезна – изјавил пожарникарот за 24сата.

Таа му одговорила потврдно, а потоа следел бакнеж и силна прегратка. После тоа, се возеле со противпожарно возило по пистата.

– Им честитаме на идните младенци и им посакуваме среќен заеднички лет низ животот – напишаа од Аеродромот.

Фото: Фејсбук

Advertisement