Advertisement
Advertisement
Вчера во 12.53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Горна Матка, општина Сарај, Ш.И.(36) од село Грчец, скопско се здобил со повреди во ногата од огнено оружје.
Според пријавеното, додека се движел пеш, две лица испукале проектили кон него и избегале, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Advertisement