Ранко Петровиќ, попознат како Ранко „Бубамара“ организираше прослава на матурската вечер по повод матурирањето на неговиот син Марко Ранковиќ.
На социјалната мрежа „Фејсбук“ Ранко објави семејни фотографии на кои се гледаше како целото семејство во среќа и радост го прославува овој свечен чин.
Фејсбук
Особено внимание на следачите им привлече фотографијата на која се гледаат неговите деца, синот и ќерката како среќно и весело позираат. А оваа фотографија многумина ја земаа како симбол на сплотена врска помеѓу братот и сестрата.
Децата на познати родители се често мета на јавно внимание, па така нормалните настани како прослава на матура, остануваат забележани од пошироката јавност.
Судејќи по тоа дека Ранко, сподели фотографии од важниот настан во животот на синот Марко, може да се заклучи дека тој се гордее со успесите и воспитувањето на синот и тој родителски резултат гордо го споделува со јавноста.